Во Германија не се бараат само медицинари, градежници и возачи, напротив, работниците од Балканот може одлично да заработат и на полињата со аспарагус.
Понудата за собирање на аспарагус во Германија е повторно актуелна во регионалните медиуми. Имено, секој што сака да дојде до брза пара во странство, сега има идеална можност да заработи дури 100 евра дневно. Сега е вистинскиот момент за тоа бидејќи започнува сезоната на аспарагус во Германија.
Како што пренесува порталот Alo.rs, за еден работен час на полињата со аспарагус може да се заработат околу 10 евра, а работниот ден трае обично десет часа – одморот е само во недела.
Се заработува до 2.500 евра месечно
Редакцијата на “Alo” за да се увери во веродостојноста на информациите во огласот се јавила на еден од броевите и лицето за контакт потврдило дека условите за работа се на повисоко ниво и дека покрај платеното сместување и превоз до Германија, на вработените им следува и оброк.
Се работи три месеци, од осум до десет часа дневно. Саатницата е 9.30 евра нето, а покрај тоа е обезбедена и храна. Неделата е секогаш слободна, вели соговорникот.
Запрашан за условите за сместување, тој нагласил дека се работи за двокреветни соби во кои се сместени по двајца луѓе.
Па 100 евра чиста дневница звучи примамливо, зарем не?