Интервјуата за работа се полни со неизвесност и во голем број случаи до последен момент не се знае дали ќе ја добиете работата. Но, постојат неколку универзални знаци кои можат да ги откријат намерите дури и на најдобрите интервјуери – прочитајте за нив!
Пред се, интервјуто за работа е интеракција помеѓу луѓе: интервјуерот и кандидатот што е интервјуиран. Во текот на интервјуто, постојат неколку клучни индикатори кои укажуваат на тоа дека разговорот се движи во вистинската насока. Па, кои се тие добри знаци кои покажуваат дека интервјуто поминало добро и дека вие ќе ја добиете работата?
Микроекспресии
Генерално земено, дури и ако интервјуерите се професионалци и неутрални, нивните микроизразувања не можат да го сокријат нивниот интерес за вас. Ако сте ја гледале телевизиската серија “Lie to Me”, најверојатно имате основна идеја за микроизразувањата и како тие можат да откријат како размислува една личност. Постојаното кимање со глава или одобрување со поглед или звуци се одлични знаци дека вие сте на вистинскиот пат.
Начин на изразување
Интервјуерите обично се внимателни со начинот на изразување, но ако користат зборови кои укажуваат на позитивност или долгорочни импликации, тоа е водечка индикација дека може да ја добиете работата. На пример, ако интервјуерот вели “кога“ наместо “ако“ или “ќе“ наместо “би“, тоа може да значи дека планира да ви понуди работа.
Прашања
За време на разговорот, интервјуерот може да премине на полабав разговор, но тоа не значи дека тој не е заинтересиран за вашите квалификации. Многу поверојатно е дека тој е задоволен од вашата професионална позадина и сака да дознае повеќе за вас како личност. Ако започне да ги насочува своите прашања кон вашите интереси во и надвор од работата, вашите минати искуства и референци, па дури и каде сте биле на вашиот последен одмор, тоа е одличен знак дека успешно сте го поминале интервјуто. Може да изберете да останете професионални или да се олабавите себеси, но никогаш не ја потценувајте комуникацијата која произлегува од овие прашања. Вашите одговори може да покажат дека не само што сте способни за работата, туку и одлично се вклопувате во културата на компанијата и тимот на кој му се приклучувате.
Начин на однесување
Ако интервјуерот сака да ве прошета низ канцелариите, да ве запознае со другите колеги од тимот и компанијата и ве третира како веќе да сте ја прифатиле понудата, вие сте на возачкото седиште. Дополнително, ако интервјуерот сака да ве запознае со некој постар раководител или менаџер, дури и со едноставен петминутен разговор, тоа е добар знак дека ја добивате работата. Размилете за ова гледајќи низ неговата призма: кога интервјуерот ќе го препознае вашиот потенцијал, тој ќе се чувствува поудобно да ве запознае со неговите надредени и соработници.
Прашање за плата
Кога интервјуерот е убеден дека вие сте вистинската личност за работата, тој ќе ве запраша за вашите очекувања за плата и ќе почне да ви зборува за компензацискиот пакет со бенефиции што го нуди компанијата.
Без разлика дали се подготвувате за интервју или преговори за покачување, со помош на краткиот прашалник дознајте ја вашата вистинска вредност на пазарат во Македонија според степенот на образование, работното искуство и регионот.