Основачот на Alibaba, Џек Ма, им кажал на своите вработени дека “прекувремената работа е голем благослов“ што треба целосно да се искористи.
Џек Ма ја предизвика јавноста со својата контроверзна изјава дека младите луѓе треба да гледаат на прекувремената работа во големите технолошки компании како “вистински благослов“.
Во своето обраќање до вработените изминатата недела, Ма изјави дека многу работници немаат можност за дополнителни работни часови, така што оние кои ја имаат оваа можност треба целосно да ја искористат.
Лично сметам дека можноста за работа 996 е голем благослов, изјави Ма.
Инаку, таканаречениот распоред “996“ се однесува на работниот ден од 09:00 до 21:00 часот, шест дена во неделата.
Бизнисменот за еТрговија го кажа тоа на дебатата за потреба од рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, која е актуелна помеѓу кинеските работници во текот на последните неколку години.
“Многу компании и многу луѓе немаат можност да работат 966“, рече Ма, мислејќи на недоволно успешните компании. “Ако не работиш 996 кога си малд, кога ќе можеш да го направиш тоа друг пат?“
54-годишниот некогашен наставник, кој сега е еден од најбогатите луѓе во Кина, истакна дека тој и неговите колеги коосновачи го дале својот максимум во првите денови од постоењето на Alibaba. Тој рече дека посветеноста е клучна за успехот на компанијата.
Дозволете ми да ве прашам, ако не вложите повеќе време и енергија од останатите, како можете да очекувате да го постигнете успехот кој го посакувате? До ден денес, се’ уште се чувствувам среќно, не ми е жал (што работам 12 часа на ден) и никогаш не би го променил тој дел од себе, истакна Ма.
Елон Маск еднаш кажа дека никој не го променил светот со 40 часа работа неделно. Кој е вашиот став?