Броењето на годините не е растење, туку само стареење. Животот не ви се случува на вас, туку се случува за вас. Личниот раст и развој се креативни процеси на реализација и зголемување на нашите психички, социјални и духовни потенцијали, но во склад со животната возраст и специфичните искуства и потреби на личноста – вели Бојана Стојменовиќ, психолог, семеен и системски советник, Основач на “Мој психолог“.
Токму „Мој психолог“ беше организатор на настанот ПСИХОЛОШКИ МУАБЕТ: Личен развој, кој се одржа вчера, 17 Април во просториите на Јавна Соба.
Наш претставник на настанот беше Ирена Ѓоршев, Менаџер на организациски консалтинг, дипломиран психолог и обучувач на возрасни со долгогодишно искуство во ЧР областа чиј центар на интерес и дејствување е поставен на организацискиот консалтинг и стратешко планирање, регрутација и развој на вработени од Вработување HR Solutions. Нејзиното професионално искуство вклучува работа на многу проекти кои вклучуваат македонски и интернационални компании каде преку активна соработка со менаџментот и вработените се дизајнира и фасилитира бизнис и ЧР стратегијата на компанијата. Нејзина пасија се истражувањата во организациите, специјалист е во областа на: мерење на организациска клима, спроведување на Assessment Center, користење на Design Thinking методологија и истражувања поврзани со мерење на брендот како работодавач.
Ирена вчера зборуваше на тема: “First time manager!” Имаше интересно предавање во кое ги опфати сите предизвици со кои се соочуваат менаџерите на својот пат од вработен до менаџер. Ни сподели многу искуства и практики за тоа што значи овој процес на транзиција и ни ги прикажа неговите две страни: убавината на напредокот, но и тежината на менаџерската функција.
Нејзината порака за крај на овој настан беше:
„Направи нешто за себе денес , со што идниот ТИ ќе биде благодарен.“
Други учесници на настанот беа:
- Бојана Стојменовиќ, Основач на “Мој психолог“, која зборуваше на тема “Растеш или само старееш?”
- Марина Анчевска, основач на првиот акредитиран НЛП центар во Македонија зборуваше на тема: “Кој е твојот внатрешен дијалог?”
- Проф. д-р Лазар Ѓуров е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски. од земјава и странство. Тој ја одбра темата “Менаџирање на време.”
- Мартина Наумовска, магистер по Artificial Intelligence (AI) на Техничкиот универзитет во Виена со петгодишно практично искуство како Data Scientist (со фокус на градење machine learning модели за осигурителни компани и NLP проекти) ги сподели со нас своите практики на тема “Личниот развој во ИТ професијата.”