
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.
Денот на трудот 1 Мај (среда), е неработен ден за сите граѓани.
Истовремено, од Министерството на сите граѓани им го честитаат Денот на трудот.