„Тоа е најдобра и најстабилна работа, Само таму важи правилото: Клати врата – земај плата..“ се само дел од коментарите на анкетата која ја спроведовме на нашиот сајт.
Ги прашавме посетителите на Vrabotuvanje.com.mk „Доколку ви понудат работа денес, во која компанија би прифатиле без размислување?“ а понудените одговори беа: ИТ компанија, Телекомуникациски оператор, Странска фабрика, Банка, Маркет/Продавница, Фармацевтска компанија, Производствена компанија, Осигурителна компанија, Државна институција, Друго.
Не е изненадувачки фактот што дури една четвртина од испитаниците одговориле дека нивната „работа од соништата“ е во некоја од државните институции.
Jавната администрација за повеќето преставува особено место каде што не се бараат некои посебни знаења и квалификации, каде што сигурно се добива плата на први, а не се бара голем учинок во работата.
Ова може многу лесно да се заклучи по остатокот од коментарите: „Неработна сабота, недела и празници, над 20 дена годишен одмор, договор за работа на неопределено време.
Редовна плата, редовни годишни одмори, право на боледување и помала веројатност за фаворизирање на одредени вработени. Најдобра и најстабилна работа.“
Како второ најпосакувано место за работа се ИТ компаниите, а за работата таму имавме коментари од типот: „Доста високи редовни плати и секогаш интересна работа.“
И странските фабрики се најдоа на ТОП 3 листата во оваа анкета, а како наведени причини за тоа нашите читатели ја наведуваат сигурноста, почитувањето на правата на работникот, правила и ред во странските компании и секако, повисоките плати.
Само 3% од анкетираните сакаат работа во Маркет/Продавница, а на дното на листата се осигурителните компании со дури 2%.
Погледнете ги целосните резултати од анкетата:
Одговорете на нашата НОВА АНКЕТА: „Кои од вработените во државниот сектор треба да земаат највисока плата, според Вас? “