Просторот на Балканот е голем имиграциски простор. Многу граѓани од регионот во потрага за подобар живот одат во ЕУ да работат за повисоки дневници.
Според податоците на Eurostat, просечната стапка на компензација на вработените во Европската унија, во поглед на заработката, плата и социјални придонеси кои ги плаќа работодавачот се движат од 44 евра во околината на Брисел и Луксембург до помалку од четири евра во три региони во Бугарија.
Просечната саатница во Европската унија во 2016 година изнесувала 22,8 евра.
Саатниците се најчесто во регионот и околу главниот град на државите. Има исклучоци за Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Грција.
Просечната саатница во Словенија изнесува 16,1 евра, а во Хрватска 8,6 евра. Највисока просечна саатница е во Данска 38,9 евра, и во Белгија, каде што за час работа плаќаат 38 евра. На дното на листата се наоѓаат Бугарија со 4,7 и Романија со 5,1 евро на час. Во средината на рангирањето се Р. Ирска со 28,3, Шпанија со 19,4.
Саатници по држави:
Франција 32.8
Грција 11.2
Шведска 28.8
Финска 30
Португалија 11
Унгарија 6.9
Словачка 9.6
Германија 31.3
Австрија 29.3
Италија 22.7
Барате работа во странство? Погледнете ја актуелната понуда.
Извор: Локално