Кредитните и дебитните картички одамна ја заменија готовината, која и понатаму е најбезбедниот начин на плаќање. Без оглед на заштитните системи, се повеќе доаѓа до злоупотреба на на кредитните картички. Освен физичките кражби на картичките, често се случуваат и кражби на податоци од картичките на Интернет или со помош на електронските уреди кои криминалците ги поставуваат на банкомати и на други уреди. Погледнете на кои места не би требало да се користат кредитните и дебитните картички.
1. Банкомати оддалечени од банките
Експертите препорачуваат по можност да се користат само банкомати кои се наоѓаат поркај банките или во нивна непосредна близина затоа што тие на оддалечени локации се мамци за криминалците и таму е полесно да се постават уреди за крадење на податоци.
2. Улични станици за полнење мобилни телефони
Кога патувате во странство, можете да наидете на киосци каде што можете да ја наполните батеријата од телефонот. Во некои градови таа услуга е бесплатна, но има некои места каде пто мора да платите со картичка. Бидете внимателни затоа што тие станици за полнење се честа мета на криминалците.
3. Декстоп и мобилни апликации
Бидете внимателни при купувањето надвор од официјални продавници за апликации или програми. Сигурно веќе сте имале прилика да видите скокачки прозорци кои бараат да уплатите одредена сума за да отстраните некој вирус или да ги отклучите документите, но не наседнувајте на тие измами.
4. Непрoверeни онлајн страници за купување
Можеби мислите дека тоа веќе го знаете, но не штети да се повтори дека е опасно да се оставаат своите податоци од картичките на страници чија сигурност претходно не сте ја провериле.