За повеќето самиот момент на преговарање за плата делува доволно застрашувачки. Но, не и за Крис Вос. Крис е поранешен водечки преговарач за киднапирање на ФБИ. Тој моментално работи како професор по деловни преговори во Маршаловата бизнис школа на Универзитетот во Јужна Калифорнија.
Овој поранешен вработен во ФБИ нуди неколку совети кои ќе ви помогнат при преговарањето за плата.
Кој е најдобриот начин да се почне со преговорите?
Останете смирени. Смиреноста е заразна. Се е во вашата глава. Во мојата работа како преговарач за заложници знаев доколку некој терорист комуницира со нас, тој сака нешто што јас можам да го контролирам. То значи дека јас имам предност, без разлика како целата ситуација изгледа од страна. Динамиката е иста како и кога преговарате за плата, вели Крис.
Која е најважната работа што треба да се има на ум додека се преговара за плата?
Платата ја плаќа хипотеката, условите ја прават вашата кариера. Платата во секој договор е само еден услов. Останатите услови или се причина за склучување или за раскинување на договорот, смета Вос.
Што доколку се биде одбиен?
Употребувајте други термини за „плата“, како на пример „бенефиции“ и слично. На овој начин ќе покажете дека се залагате за себе без да го навредите вашиот претпоставен. Со тоа ќе ја зголемите веројатноста да имате позивитен исход.
На пример, еден од моите студенти беше упорен за поголем одмор. Нејзиниот работодавач не можеше да и го зголеми времетраењето на одморот, па поради тоа и ја зголеми платата, вели Крис.