Факт е дека многу луѓе бараат ново работно место додека уште се во работен однос. Статистиките покажуваат дека тоа најчесто се случува токму во работното време од осум наутро до 17 часот попладне, а најмногу се пребарува од еден до два часот попладне во вторник. Како најдобро да се однесувате во такви ситуации во продолжение.
Поставете граници
Одредете си временски граници кога и колку време ќе пребарувате. Во спротивно, потрагата ќе трае долго и ќе ги одолговлекувате работните обврски. Доколку е можно и регистрирајте се, за да добивате мејлови и известувања од веб страни за вработување, со цел да ја направите потрагата побрза и поефикасна.
Внимателно со интервјуата
Потрудете се доколку е можно да ги закажувате интервјуата или рано наутро или по работното време. Така ќе биде пофокусирани на работното место. Внимавајте само да не пропуштате состаноци. Во случај да мора да излезете додека сте на работа кажете дека ќе се вратите за кратко и доколку има нешто итно слободно да ве побараат.
На работа покажете се во најдобро светло
Бидете уште поефикасни додека сте во потрага по нова работа. Покажете се во најдобро светло, за во моментот кога ќе кажете дека заминувате, претпоставените да почувствуваат дека губат добар работник. Во таков случај дури може да побараат и да останете, па и да ви понудат поголема плата и подобри услови и на вас да остане да одбирате.
Останете смирени
Кога се бара нова работа нормално е да се чувствувате вознемирено и напнато. Потрудете се тоа да не биде така. Останете смирени како ништо да не се случува. Ако ве прашаат случајно зошто често одите надвор да зборувате, кажете дека ви е гласно во канцеларија или дека разговорот е приватен.