Ако се почесто и почесто имате лоши денови на работнто место и постојано сте заглавени со работата, тоа може навистина да биде опасно по вашето здравје. Ако чуствувате преголем стрес подолг период, тогаш значи дека е време некои работи да ги смените.
Кога ќе се најдеме во непријатни ситуации, нашето тело ни дава знаци дека нешто треба да промениме. Еве неколку здравствени последици од преголемиот стрес на работното место.
Главоболка – Постојаната напнатос води до тоа нашето тело да биде напнато, а самото тоа ако се случува подолг период прави да имаме главоболки.
Омалаксаност – Стресот на работата може да донесе до исцрпеност, па колку и да се одмарате, нема никогаш да бидете одморени ако чустувате стрес.
Промена во апетитот – Во стресни услови, телото лачи кортизол која го зголему гладот. Затоа оние кои постојано се изложени на стрес, утеха бараат во храната.
Често се разболувате – Кога работите постојано под стрес, вашиот имунолошки систем е се послаб. Тоа е причината поради која можеби почесто ќе се разболувате во текот на денот.
Ментално здравје – Ако имате проблем со анксиозноста, стресот на работното место. Менталната исцрпеност е доста лоша бидејќи вие во тие моменти нема да се чуствувате спокојно.
Несоница – Ако во текот на ноќта не можете добро да се наспиете, тогаш вината е во преголемиот стрес кој го имате. Затоа ако постојано чуствувате замор, треба да видите како се чуствувате на раобтното место кое го работите.