Владата ја усвои информацијата за електронско поврзување на 76 матични подрачја со електронскиот матичен регистар на Управа за водење на матични книги.
Од воспоставувањето на електронскиот матичен регистар до сега направено е електронско поврзување на 82 матични подрачја и на тој начин овозможено е граѓаните без оглед на нивното место на раѓање и место на живеење да поднесат барање за издавање извод во градот каде живеат, а истиот по електронски пат да се обезбеди од градот каде е родено лицето.
Со ова поврзување овозможено е Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија електронски да се поврзат со матичните подрачја на Управата за водење на матичните книги и изводите кои се бараат од страна на граѓаните кои живеат во странство да ги добијат во побрз временски интервал.
Централизираноста на податоците и оптимизирањето на бизнис процесите во Управата ќе отворат широк спектар на можности во делот на имплементирање на Европските регулативи и зголемување на ефикасноста во администрацијата, е заклучокот на седницата на Владата по оваа точка.