Многу е важно како ќе ги започнете првите неколку минути од денот. Тоа ја условува вашата продуктивност во текот на наредните часови.
Доцните на работа Со самото доцнење на работното место, се ставате во позиција денот да го започнете хаотично. Освен тоа, создавате лоша слика за себе пред претпоставените и останатите вработени.
Заборавете да ги поздравите колегите Без разлика дали сте работодавач или вработен, поздравувањето на тимот кога пристигнувате на работа е задолжително. Колку и да не сте расположени, обидете се да бидете културни и професионални.
Го започнувате денот со кафе Кафето не мора да се елиминира како секојдневна навика, но експертите советуваат да не се пие премногу рано. Најдобро време според нив е по 9 и 30 часот, односно кога на организмот му е најпотребно “освестување“.
Одговарате на сите мејлови Она што треба да го направите е да ги издвоите приоритетните задачи и прашања и да направите распоред. Не дозволувајте нешто не толку важно да ви одземе време кога сте најпродуктивни.
Започнувате со најлесната задача Утрото треба да ви биде резервирано за најсложените задачи. Во текот на денот концентрацијата опаѓа, па затоа паметно искористете ги првите минути (часови).
Закажувате рани состаноци Практикувајте состаноци со тимот напладне. Утрото нека биде за обврски за коишто е потребна голема концентрација и фокусираност, на пример пишување.
Заборавате на дневната светлина Користете ја дневната светлина, колку што ви дозволуваат условите. На тој начин добивате енергија за остатокот од денот.