Дали сте хронично уморни, имате проблем со концентрацијата, состаноците ви стануваат се понапорни, заборавате каде ги оставате работите... или можеби имате такви луѓе во вашиот тим?
Ако одговоривте со ДА, големи се шансите вашиот организам да се соочува со стрес и да бара помош.
Според Американскиот Институт за Стрес, 80% од вработените се под стрес на работното место. Речиси 50% велат дека им е потребна помош во менаџирањето на стресот, додека 42% од луѓето велат дека нивните колеги и соработници со сигурност имаат потреба од таква помош. Стресот не е само мала вознемиреност. Постојаната изложеност може да го загрози вашето здравје и ефикасност, вклучувајќи чести главоболки, раздразливост, несоница, проблем со концентрацијата, тешкотии во донесувањето одлуки и проблеми со меморијата.
Вработениот кој е под стрес на работното место не може да биде продуктивен и во најголем број случаи почнува да ја мрази својата работа. Човекот е програмиран да биде најпродуктивен и најефикасен кога неговиот ум е во мир.
Како да си помогнеме? Одговорот е Mindfulness, Meditation и Yoga retreat
Што е Mindfulness?
За почеток, најкратката дефиниција – Mindfulness е внимание.
Зошто вниманието би ни било важно?
Од едноставна причина, затоа што вашето внимание одредува како ја доживувате реалноста и секојдневните случувања во вашиот живот. А вашето лично, субјективно доживување на реалноста е всушност вашиот живот, онака како што го живеете. Со други зборови, ако сакаме да управуваме со нашите животи, мора да научиме како правилно да управуваме со нашето внимание. Тоа значи свесно да одредиме на кого и на што ќе го подариме.
Јогата и медитацијата го подобруваат здравјето и доведуваат до позитивни промени во структурата на мозокот. Ја подобруваат концентрацијата, ја смалуваат напнатоста и анксиозноста, ги опуштаат мускулите и даваат смиреност и енергија.
Медитацијата претставува враќање кон себе.
Зошто Mindfulness, Meditation и Yoga retreat?
Бенефитите од овие три техники се непроценливи:
- Подобрено внимание, фокус и концентрација
- Намалени нивоа на стрес и анксиозност
- Зголемена самосвест
- Подобрена способност за спиење во текот на ноќта
- Поголема врска со телото и умот
- Зголемување на продуктивноста
Каде и кога?
Доколку сакате да научите вештини како да се ослободите од негативните мисли и емоции и како да се справите со секојдневниот стрес, да научите како Mindfulness може да ви го промени животот или едноставно сакате да си посветите неколку дена на себе, вашето тело и дух, TotalWellnessRetreats ве поканува да се пријавите на Mindfulness, Meditation and Yoga retreat, кој се одржува во хотел Десарет Охрид од 13-16 Јуни.
Ритритот е по промотивна цена од 6500 денари по учесник и вклучува:
- 3 ноќевања со полн пансион во двокревента соба
- утринска и вечерна јога (хата и нидра)
- работилница за mindfulness
- водени медитации
- пешачка тура
- индивудален коучинг
- пливање, релаксација и време за себе
Пријавувањето се врши на следниот ЛИНК.
За повеќе детали околу ритритот или другите индивидуални и корпоративни велнес програми информирајте се на TotalWellnessRetreats, или на телефонскиот број: 070 349 015.