Vrabotuvanje.com ја додели наградата за Најпосетуван огласувач за 2018 година.
За време на вечерниот коктел во рамките на 11-тата меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МАЧР беа доделени наградите за Најдобар HR Менаџер за 2018 година и Најпосетуван огласувач за 2018 на www.vrabotuvanje.com.mk.
Наградата за најпосетуван огласувач за 2018 година отидна во рацете на Маја Анчевска Цветковска како претставник на компанијата оне.Вип.
Од мое име и од името на целиот Тим за човечки ресурси на оне.Вип, сме благодарни на ова големо признание. Позади секој клик или преглед на нашите огласи стои огромна посветеност на тимот за регрутирање, од моментот на пишување на огласот, креирање на дизајн, начинот на интервјуирање, достапноста на регрутерите во текот на целата постапка се со цел да се заокружи едно одлично искуство на кандидатите. Ви ветуваме Вам, а и на самите нас дека во иднина ќе бидеме уште поинтересни, поатрактивни и се рабира попродуктивни, - вели Маја Анчевска Цветковска, регрутерот на оне.Вип.
Со дури 109.524 прегледи на своите огласи за само 365 дена, оне.Вип само потврдува дека е една од најатрактивните компании за вработување во Македонија.
Наградата за Најдобар HR Менаџер за 2018 година МАЧР и ја додели на Искра Конеска, директор за човечки ресурси во Прилепска Пиварница.