Телото за многу работи функционира врз основа на внатрешниот часовник. Овој софистициран механизам ги контролира сите важни процеси во телото, а го поттикнуваат активностите и надворешните фактори.
Истражувањата покажале дека луѓето се најмоќни навечер, односно дека тоа е најдобро време за губење на килограми и зајакнување на мускули. Вечерните часови се најдобро време за остранување на мастите, бидејќи тогаш вашиот метаболизам е во полна брзина и може да остварите одлични резултати за краток временски период.
Меѓутоа, бројни истражувања укажуваат дека најдобриот период од денот за зајакнување на мускули и губење на килограми е после заоѓање на сонцето. Благодарение на циркулаторниот ритам, најсилни и најбрзи сме помеѓу 19 и 23 часот, додека според истражувачите од универзитетот во Јужна Каролина најслаби и најмалку продуктивни сме во 7 часот наутро.
Сепак, ако сте ранобудник, немате проблем. На крајот, не е битно во кој период на денот ќе вежбате, туку важно е да тренирате.