Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком.Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.
За своите тековни потреби, Македонски Телеком АД Скопје објави оглас за вработување на позиција Виши соработник за континуитет на деловно работење на ИТ системи во Служба за Управување со услуги на Дата Центар и клиентска инфраструктура во Секторот за ИТ во Област на Главниот директор за техника и ИТ.