Постојат одредени правила кои треба да ги почитувате за време на интервјуто за работа, а во продолжение ќе издвоиме неколку реченици кои никако не смеете да ги кажете пред вашиот потенцијален работодавач.
Јас сум неверојатно добар/добра во мојата работа
Кога ќе му кажете на вашиот работодавач дека сте неверојатно добри во вашата работа, претпоставувате дека тој лесно ќе ви поверува во тоа. Меѓутоа, многу поверојатно е да покаже сомнеж. Затоа, докажете му го тоа преку конкретни примери за своите достигнувања, без премногу фалење и покажете зошто вие би биле корисни во неговата компанија.
Не сум добар/добра во тоа ама...
Преформулирајте ја оваа реченица бидејќи ниту еден работодавач не сака да има работник кој не е способен. Подобро е да кажете: “Немам многу искуство во ова поле, ама...“.
Моментално заработувам...
Споменувањето на тековната плата пред да добиете официјална понуда е еден од најочигледните начини за ограничување на потенцијалот на вашата заработка.
Тоа што не ми се допаѓа во мојата компанија е...
Наместо да кажете дека не ве поддржуваат во компанијата во која работите, фокусирајте на тоа што го барате во новата компанија.
Подготвен сум да почнам од понеделник
Важно е на потенцијалниот работодавач да му се претставите како најдобар кандидат, но ставете му до знаење дека имате и други опции.
Најголема слабост ми е тоа што сум перфекционист
Немојте да зборувате за себе како да немате ниту една маана, бидејќи сите знаат дека не постои совршен кандидат. Добро е да споменете и по некоја слабост, но кажете и како планирате да ја надминете истата.
Не, немам прашања
Потребно е секогаш да имате прашања, дури и ако не сте сигурни дали вашиот потенцијален работодавач веќе одговорил на нив. Поставувајќи прашање вие давате до знаење дека сте некој кој може и знае како да ја заврши работата.