Секогаш претпоставуваме дека акните кои се јавуваат на нашето лице се резултат на не толку стабилни хормони. Но, не е секогаш така.
„Мапирањето на лицето“ кое е многу популарно денес, комбинирајќи ја познатата ајурведа техника со старата кинеска медицина, објаснува на кој начин различни делови од нашето лице се поврзани со останатите делови од нашето тело.
1 и 2 - Дигестивниот систем.Јадете помалку брза храна, редуцирајте го внесувањето на маснотии, пијте големи количини вода и јадете зеленчук.
3 - Црниот дроб. Намалете го алкохолот, мрсната храна и млечните производи. Вежбајте лесни вежби 30 минути дневно и спијте доволно , дозволувајќи му одмор на црниот дроб.
4 и 5 – Бубрезите. Сé околу очите (вклучувајќи ги и темните кругови) говори за дехидрација.
6 – Срцето. Проверете го крвниот притисок и нивоата на витамин Б. Намалете го внесувањето на зачинета храна, месо и земајте чист воздух. Покрај тоа, обидете се да го намалите холестеролот јадејќи храна богата со омега 3 и 6 кои можат да се најдат во оревите, авокадото, риба итн.
7 и 8 – Бубрезите.Пијте вода, а намалете ги алкохолните пијалоци, кафето и сé она што предизвикува дехидрација.
9 и 10 – Респираторниот систем .Доколку пушите или имате проблем со алергиите, оваа област е поврзана со таквите проблеми. Доколку не, тогаш намалете ги шеќерите и пешачете на свеж воздух. Избегнувајте ги месото, алкохолот, кофеинот и млечните производи.
11 и 12 – Хормоните. Ова е зоната каде се забележуваат траги од стресот и хормоналните промени. Но, со оглед на тоа дека и двете работи се речиси неизбежни, потребно е да се обидете да спиете доволно, да пиете доволно вода и да јадете салати.
13 – Стомакот. Пијте билни чаеви кои ќе ви помогнат во дигестијата.
14 – Бактерија.Оваа зона е знак дека вашето тело се бори со бактеријата.Одмарајте се, одете на јога часови, пијте доволно вода.
Така, наредниот пат кога ќе забележите темни кругови под очите, погледнете ја мапата на вашето лице.Очигледно е дека вашата кожа сака да ви испрати знаци за вашите органи.
извор: skopjeinfo.mk