Прочуениот футурист и еден од најбогатите луѓе на светот со своја прогноза за тоа како ќе изгледа иднината. Можеби ќе ве интересира кои 3 занимања според Бил Гејтс ќе бидат многу важни во годините што доаѓаат?
Бил Гејтс важи за човек кој е “опседнат“ со иднината. Честопати е опкружен и работи со истражувачи и визионери, а чита и голем број на книги во кои главната проблематика е иднината на човештвото.
Врз основна на знаењата и податоците со кои тој располага, таткото на Мајкрософт заклучува дека луѓето од овие три области ќе бидат најбарани во иднината: наука, инженерство и економија.
Вработените со искуство од тие области ќе бидат т.н. “агенти на промените во сите институции“, смета Гејтс.
Мислам на основно познавање на науката, математичките вештини, економијата – многу работни можности во иднината ќе бидат поврзани со тие знаења, тврди Бил Гејтс.
Според него, не мора да бидете експерт за кодирање или за периоден систем, но ако имате способност за размислување на начин ка кој размислуваат тие експерти, тоа многу ќе ви помогне.