Сите понекогаш имаме блокади, лоши денови, моменти кога едноставно ништо не ни оди од рака. Ако ова ви е многу познато и често ви се случува, очајни сте кога ќе помислите дека утре треба пак да се вратите на работа, не верувате во она што го работите – сигурно е време да размислите за промена.
Овие знаци само ќе ви го потврдат истото:
Знаете дека она што ќе го сработите не е баш најдобро
Ако не сте сигурни во она што ќе го сработите и не очекувате дека ќе бидете пофалени за вашата работа, бидејќи ни вам не ви се допаѓа, време е да почнете да работите на некој нов проект.
Викендот ви е уништен штом ќе помислите дека доаѓа понеделник
Никој од нас не е превозбуден од помислата во недела навечер дека утре почнува нова работна недела и тоа е сосема нормално, до одредени граници. Но, ако цел викенд ве измачува помислата за понеделник и она што ве очекува во наредните 5 дена, запрашајте се дали вреди да го преживувате тоа?
Не ги сакате своите колеги
Колегите и односот со нив е подеднакво важен колку и работата која ја работите. Ако ви е мака секој пат кога ви се обраќаат луѓето со кои поминувате по цел ден, време е да се тргнете од нив.
Свесни сте дека не постигнувате никаков напредок
Чувствувате дека без поента седите на работа по 8 часа или повеќе и залудно си го трошите времето бидејќи нема што ново да научите, а ни да понудите. ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНА.
Не го користите целосно вашиот потенцијал
Ако мислите дека поседувате способности кои не ги користите на вистински начин и дека сте способни за многу повеќе, не седете на работа која не ве исполнува. Искористете го вашиот талент.
Не стоите зад слоганот на вашата компанија
Најважно е да го правите она што го сакате и да можете цврсто да застанете зад вашата работа. Ако не се сложувате со она што го застапува вашата компанија, зошто би останале тука? Најдете нешто ново, нешто што ќе ви одговара и продолжете понатаму. Секогаш има начин.