Колку често размислувате за вашата плата? Дали таа е фер и дали истата соодветствува со вашиот придонес на работното место? Дали сте премалку платени и дали заслужувате повеќе?
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната нето плата по вработен во април изнесувала 24.786 денари. Меѓутоа, растот на просекот не значи дека пораснала платата на сите вработени во земјава.
Нашите анализи направени врз база на податоците од www.mojaplata.mk покажуваат дека дури 70 проценти од вработените во Македонија заработуваат помалку од просекот.
Ако направиме регионална споредба, за очекување е фактот дека најголема просечна плата има во Скопскиот регион, меѓутоа и таму, околу 70 проценти од вработените заработуваат помалку од просекот. Исто е и во Југоисточниот и Североисточниот регион (70 проценти), а потоа следат Југоисточниот и Вадарскиот регион (69 проценти), Полошкиот регион (68 проценти), Пелагонискиот регион (66 проценти) и Источниот регион (65 проценти).
За да истражиме дали просечниот македонски работник е задоволен од својата плата, објавивме анкета на која ги очекуваме вашите одговори.
Дали сте задоволни од вашата плата?
Погледни ги резултатитеДоколку сакате да проверите колку изнесува просечната плата за вашата работа и во вашиот регион, кликнете на следниот линк и споредете ја вашата плата со другите.