„Нестле“ и „Старбакс“ ги здружуваат своите кафе-империи. Швајцарската компанија „Нестле“ плати 7,15 милијарди долари за правото да продава производи на „Старбакс“ – од кафе во зрна до капсули. Како што пишува Блумберг, ова е трет по големина договор во 152-годишната историја на прехранбениот гигант.
На компанијата ќе ѝ биде дозволено да продава пакувани производи на „Старбакс“ во супермаркетите, рестораните и угостителството. Кафето ќе продолжи да се пакува во САД, како што е познато од условите на договорот помеѓу двата гиганти. Со овој потег „Нестле“ ќе ги поддржи своите брендови „нескафе“ и „неспресо“, кои достигнаа лимит во продажбата. „Нескафе“ постојано го губи уделот на пазарот во последниве години. Генерално продажбата на „Нестле“ го забележува својот најголем бавен раст во последните две децении.
Инаку Нестле е присутно во Македонија, а тоа може да значи дека наскоро ќе пиеме Старбакс кафе и во нашата земја.