Едно истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија покажа дека само 7 проценти од комуникацијата се темели на зборови, 38 проценти од тонот на гласот, а преостанатите 55 проценти се однесуваат на говорот на телото.
Анализирањето на говорот на телото на другите луѓе и толкувањето на тие сигнали може да ви даде голема предност во комуникацијата со луѓето. Овие седум сигнални ќе ви откријат многу за личноста со која разговарате:
Прекрстените раце и нозе сигнализираат отпор кон вашите идеи
Прекрстените раце и нозе се физички бариери кои сугерираат дека другото лице не е отворено за она што вие го кажувате. Дури и ако се насмеат или започнат пријатен разговор, нивниот говор на тело значи нешто друго. Жерард И. Ниеренберг и Хенри Х. Калеро снимиле повеќе од 2.000 разговори за нивната книга за читање на говорот на телото и ниту еден од тие разговори не завршил со договор кога една од страните ги прекрстила нозете.
Психолошки, прекрстените раце или нозе покажуваат дека личноста ментално, емоционално и физички го блокира она што се наоѓа пред неа. Овој став го правиме ненамерно, а не сме свесни што тоа му открива на нашиот соговорник.
Вистинската насмевка создава брчки околу очите
Кога се работи за смеењето, устата може да излаже, но очите никако. Вистинската насмевка допираат до очите и предизвикуваат моментална појава на мали брчки околу нив. Луѓето често се смеат за да го сокријат она што навистина го мислат и чувствуваат, а следниот пак кога ќе сакате да знаете дали некоја насмевка е искрена, барајте ги брчките околу очите. Ако не се појават, насмевката не е искрена.
Копирањето на говорот на телото е добра работа
Дали некогаш додека сте биле на состанок сте забележале дека секој пат кога вие ќе ја поместите ногата истото го прави и вашиот соговорник? Тоа е всушност добар знак, пишува Форбс. Копирањето на говорот на телото е нешто што го правиме несвесно кога чувствуваме поврзаност со некоја друга личност. Ова е знак дека разговорот се одвива во вистинската насока и дека другата страна ја прима вашата порака. Ова знаење може да биде особено корисно при преговарање бидејќи тоа ви покажува што другата личност навистина мисли за тоа.
Ставот ја кажува приказната
Дали некогаш сте виделе некој човек да влезе во собата и веднаш да зрачи со авторитет? Овој ефект е главно поврзан со говорот на телото и често вклучува исправено држење на телото, гестови со дланки свртени надолу и отворени и широки гестикулации. Мозокот ја поврзува моќта со количината на просторот што го зазема поединецот. Исправеното стоење е положба на моќ, а подгрбавеноста, од друга страна, е резултат на неисправност на вашиот став и испраќа порака дека личноста не е толку моќна.
Очи што лажат
Повеќето луѓе најверојатно израснале слушајќи ја истата работа: “Гледај ме во очи кога разговараш со мене“. Нашите родители го правеа тоа под претпоставка дека е тешко во исто време да се држи погледот кон некого и да се лаже. И тие се во право. Меѓутоа, повеќето луѓе се свесни за тоа па намерно ќе го задржат својот поглед во моментот кога ќе лажат за да ја убедат другата страна дека се искрени. Проблемот е што поголемиот дел од луѓето премногу се трудат да го одржат тој контакт со очи па тоа изгледа многу вештачки. Во просек, луѓето задржуваат контакт со очи за седум до десет секунди подолго кога слушаат, отколку кога зборуваат. Ако зборувате со некоја личност и притоа ви е непријатно од нејзиниот поглед, нејзините очи се мирни и не трепкаат – знајте дека нешто не е во ред и големи се шансите да ве лаже.
Подигнатите веѓи сигнализираат непријатност
Постојат три главни емоции кои ги креваат веѓите: изненадување, грижа и страв. Обидете се да ги подигнете веѓите кога имате рекалсиран и лежерен разговор со некој пријател. Тешко е да се направи тоа, нели? Ако некој којшто зборува со вас ги подигне веѓите, а темата не е страшна, изненадувачка или загрижувачка, бидете сигурни дека нешто друго се случува.
Прекумерното климање сигнализира замисленост
Кога ќе кажете нешто на некого, а таа личност премногу чисто климнува со глава, тоа е знак за загриженост за тоа што вие мислите за неа или дека се сомневате во нејзината способност да ги следи вашите инструкции.