„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.
Бидејќи започна периодот на одмори, убаво е да се знаат некои основни правила за подготовка пред одмор, како ваша, така и на вашите колеги и соработници.
- Известување:
Доколку го знаете однапред периодот кога ќе бидете отсутни од работа тогаш би било убаво да ги известите сите со кои соработувате за вашето отсуство
- Колегите: испратете е-маил известување до сите колеги кога нема да бидете во канцеларија за да си знаат.
- Соработниците: имате два начина:
- Начин 1: при секоја комуникација со вашите редовни соработници, пробајте на овој или оној начин да ги потсетите дека во тој и тој период нема да бидете во канцеларија.
- Начин 2: поставете во потписот информација од кога до кога нема да бидете во канцеларија и тоа нека ви биде дел од потписот цело време, додека не сте во канцеларија.
- Координација:
Со колегите со кои сте во ист тим, пред да одите на одмор, искоординирајте се да нема поклопување и да има секогаш присутен некој од вас кој ќе може да одговара на пораките и истите успешно да ги изврши
- Обврски:
Направтете план на обврски кои ќе треба некои од колегите да ги преземат, при тоа добро да ги објасните. Ставете го сето тоа во еден документ и споделте го со сите колеги кои треба да бидат инволвирани. Дополнително, седнете со секој од нив поединечно и поминете низ обврските што ќе им ги оставите. Проверете дали убаво ве разбрале, сепак е тоа ваша комуникација со ваши соработници кои они треба да ја преземат (доколку има потреба) во краток период. ВАЖНО: доколку има некои работи кои нема потреба да им се пренесуваат, немојте непотребно да ги оптоварувате!
- Сетирање на е-маилот:
Сетирајте известување во период когане сте во канцеларија автоматски одговор OUT oF OFFICE порака. Доколку вие не знаете да го направите тоа, замолете ја техничката служба од кај вас тоа да го направи. Информацијата во таа порака нека содржи информации од кој до кој период нема да бидете во канцеларија и кога ќе може соработниците реално да очекуваат повратен одговор од вас и дали може да ве вознемируваат додека не сте во канцеларија.
- Работно место:
Додека сте на одмор, вашето работно место треба да биде чисто и прегледно. На него може да останат само документи кои колегите ќе може леснода ги најдат. Немојте после тоа да се буните дека сè ви хаос откако ќе се вратите затоа што некој седел таму и ви растурал или одговоните за хигиена ви напраивле хаос
- Ден пред да одите:
Ден пред да одите, видете се со сите на кои сте им оставиле некакви обврски, поминете повторно низ сето она што би требало да ги очекува и надополнете ги со потребните информации, доколку е тоа потребно.
Но најважно од сè: уживајте во одморот, ќе требате одморени назад на работа!
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com
Доколку сакате текстовите да ги добивате на Вашиот е-пошта или мислите дека некои Ваши колеги, соработници и пријатели треба да ги добиваат овие текстови, испратете ни ја/ги на tow@macedonia-export.com