Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада Роџер Федерер во финалето на Вимблдон.
Првиот рекет во светот триумфираше во епски меч после пет сета и пета часа игра. Роџер Федерер во 16-тиот гејм од петиот сет имаше и две меч топки на свој сервис, но не ги искористи Ѓоковиќ успеа да се врати и да победи.
Ѓоковиќ секогаш кога ќе го освои Вимблдон јаде трева, тоа го направи и овој пат.
Зошто?
„Како дете сонував да го освојам Вимблдон и тоа уште тогаш ми беше желба да го направам кога ќе победам во финалето“, објасни Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер тоа го направи и во 2011 година кога прв пат го освои овој грен слем турнир, а потоа и во 2014, 2015, 2018 и годинава.