Работата на претприемачите не е едноставна. Потребно е многу време, енергија, вмрежување, разговори, одлуки, стратегии, а сето тоа носи со себе и ризици.
Еве на што се фокусираат за да ги подобрат своите претприемачки вештини.
Членство во разни бизнис организации
За еден претприемач е клучно да биде поврзан со други претприемачи, односно да членува во организации каде што развивањето и водењето на бизнисот се примарна тема. На тој начин ќе обезбедите контакти, ќе стекнете нови познанства со луѓе од истата индустрија, ќе размените совети, а големи се шансите да произлезе и некаква соработка. Оние кои имаат поголемо искуство можат да им помогнат на стартапите на различни начини, но и поискусните секогаш можат да научат нешто ново, особено кога станува збор за брзорастечките индустрии. Најдобрите бизнис лидери знаат дека придобивките да се биде дел од вакви бизнис организации се големи.
Соработка со експерти/советници
За сите големи одлуки што ќе треба да се донесат во една компанија потребни ќе бидат добри совети и анализирање на ситуацијата од поинакви гледишта. Затоа, треба да се опкружите со стручни луѓе, секој во своето поле, односно да формирате одбор на советници со којшто ќе се среќавате неколку пати во годината. Тоа треба да бидат луѓе кои ќе ве “предизвикуваат“, луѓе со различен тип на знаење и вештини од коишто ќе можете да извлечете поучна информација. Нивното гледиште ќе биде објективно и ќе ви помогне за големите одлуки.
Распределба на време
Време секогаш недостасува, а многу ни е потребно. Ефективните претприемачи знаат паметно да го респределат и да искористат најмногу што можат од него. Малку е потешко за стартапите каде што работите се одвиваат многу брзо, потребно е многу работа, а честопати нема доволно луѓе. Водете евиденција за тоа каде, колку и на што најмногу трошите време. Внимателно пресметајте од каде може да одземете, а од каде да додадете некој час или минута. И за менаџирање со времето потребно е искуство и вештина, но добро е што и тоа со текот на годините се учи.