Согласно Законот за работни односи имате право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена
Според Законот годишниот одмор може да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година .
Во годишен одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.
Дали вашиот работодавач во целост го почитува ЗРО во поглед на правото на годишен одмор на вработените?
Направивме анкета на оваа тема, важно ни е вашето мислење, го очекуваме!