Министерството за вработување на Јужна Кореја во вторникот соопшти дека новиот ревидиран закон за работни односи им забранува на работодавците да собираат информации кои се ирелевантни за работата и да се однесуваат на начин кој може да ја загрози правичноста на процесот на вработување.
Ако работодавачот побара од кандидатот да ја каже својата тежина, висина, место на раѓање или брачен статус, според новиот закон, ќе се казни со парична глоба од 5 милиони вони (3.800 евра), освен ако тоа не е релевантно за работата.
Ревидираниот закон, исто така, предвидува парична казна во износ од 30 милиони вони (22.700 евра) за размена на пари, подароци или услуги во процесот на вработување.