Сите знаат дека барањето работа речиси секогаш е исполно со фрустрации. Но, ништо не е повеќе демотивирачки кога нема да ве викнат на второ интервју и покрај тоа што сметате дека сте поминале супер на првото.
Пред да паднете во депресија треба да знаете дека причините за оваа ситуација се многубројни и не секогаш вие сте "виновникот". Големиот број истражувања покажале дека овие 3 работи се најчестите причини поради кои не сте имале шанса за второ интервју:
Потребите на работодавачот се промениле
Компаниите се менуваат постојано, од пренасочување финансиски средства за други намени, до промени на тимови и менување на моменталните цели. Најлошото е што понекогаш овие промени може да се случат за време на процесот на вашето интервју. Запоменете дека тука немате никаква контрола над работите. Се што можете да направите е интервјуто да го сметате како искуство плус.
Работодавачот има некој друг на ум
Оваа ситуација е најсурова од сите, но сепак постои. Кога се претпочита внатрешен кандидат за конкретната позиција, вие можете да бидете и најквалификуваниот апликант и сепак нема да ја добиете работата. Ова нека не ве обесхрабрува да продолжите со вашата потрага и пронаоѓањето на работата од вашите соништа.
Не сте се покажале во најдобро светло
Сепак има и такви ситуации каде вие си го имате "блокирано" патот кон можноста за второ интервју.
Не сте се спремиле добро, не сте знаеле детали за позицијата и компанијата, не сте одговориле јасно на стандардните прашања, сте задоцниле на интервјуто, не сте се облекле соодветно...
Ова се само мал дел од ситуациите што можат да направат да не добиете втора можност, а врз истите имате целосно влијание. Затоа, пред да отидете на интервју обрнете внимание на овие работи и покажете се во најдобро светло.
Доколку сакате да знаете кои се клучните 5 работи кои никако не треба да ги кажете на интервју кликнете на линкот.