Основачот и извршен директор на Амазон, Џеф Безос, најде начин да ги совлада состаноците.
Во своето неодамнешно годишно писмо до акционерите, Безос ја откри својата стратегија за одржување на попродуктивни и поуспешни состаноци. Ако се придржувате до трите едноставни правила на Безос, и вие можете да станете господар на состаноците.
Преферирајте мали состаноци
Безос вели дека во Амазон се обидува да создаде тимови кои се доволно мали за да можат да изедат само две пици. Со ова, Безос сака да ја елиминира конфузијата и тешкотијата која настанува од премногу мислења во една просторија што може да предизвика поделби и губење на време.
Без PowerPoint
Безос ја елиминира презентациската алатка PowerPoint во седиштето на Амазон и истата ја замени со наративно структурирани белешки. Овие белешки, како што вели тој, не се само набројуванки. Тие содржат цели реченици и се прават на неделна база, а доста често се случува да бидат препишани и одново напишани, а потоа споделени со вработените.
Започнете со тишина
Безос го започнува секој состанок со тоа што на членовите на тимот им дава по половина час за да ги прочитаат подготвените белешки. Тој не им ги испраќа претходно по електронска пошта бидејќи голем дел од нив нема да ги прочитаат, имајќи предвид дека станува збор за директори и менаџери кои располагаат со ограничено време. Откако тоа ќе се случи на самиот состанок и секој член е запознаен со проблематиката, започнува дебатата околу клучните работи.
Спроведувањето на овие три едноставни правила на Безос не само што ќе ви помогне да ја зголемите продуктивноста, туку и ќе ги направи состаноците помалку страшни и здодевни. Да бидеме реални, никој не го сака PowerPoint.