Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 103/2019
за вработување на 3 државни службеници од група I, подгрупа I во Агенција за супервизија на осигурување за следните работни места
1. АСО0101В01012 Советник за работи непосредно поврзани со Советот на експерти, Дирекција за работи непосредно поврзани со Советот на експерти(1) извршител(и)
- паричен нето износ на плата: 41.611,00 денари
2. АСО0101В01009 Советник за финансиско сметководствени работи, Дирекција за финансиско сметководствени работи, Стручна служба за општи и административни работи(1) извршител(и)
- паричен нето износ на плата: 41.611,00 денари
3. АСО0101В04004 Помлад соработник за теренска супервизија, Дирекција за теренска супервизија, Стручна служба за супервизија(1) извршител(и)
- паричен нето износ на плата: 29.458,00 денари