Можеби најдобриот совет што ќе го добиете за вашата кариера
Ова е предизвик затоа што самиот процес на вработување функционира на спротивен начин: надредениот ги избира своите вработени. Исто така, во најголемиот број на случаи, со вашиот шеф ќе имате можност да се запознаете на интервјуто за работа, што всушност претставува слаб предиктор за тоа каков ќе биде вашиот шеф кога ќе ја добиете работата.
Со фокусирање на тоа кој ќе биде вашиот шеф над повеќето други критериуми, како што се компензација, одговорност, можност за напредок и локација, ќе го промените начинот на кој ја барате вашата идеална работа и ќе бидете навистина среќни кога ќе ја пронајдете истата.
Според една неодамнешна студија на магазинот Forbes, повеќе од 2 милиони луѓе месечно ја напуштаат својата работа. Над 74% од нив веќе размислуваат за нова работа, а 32% активно ја бараат својата следна можност. Зошто е важно да работите за добар шеф:
- Добар шеф во просечна компанија ќе ве заштити и поддржува;
- Лош шеф во добра компанија ќе ве фрустрира и деморализира.
Карактеристики на добар шеф
Добриот шеф секогаш стимулира задржување на најдобрите вработени, делегира авторитет, може да му се верува, е трансформативен лидер, заинтересиран е да го направи тоа што е правилно, доследен е на своите одлуки и има емпатија.
Карактеристики на лош шеф
Лошиот шеф доведува до поголем обрт на вработени, микроменаџира луѓе и процеси, е авторитарен лидер, секогаш е во право, не е конзистентен во донесувањето на одлуки и е фокусиран само на себеси.
Па, како да најдете добар шеф? Прво и најважно, разберете се себеси. Дали ја утврдивте вашата лична цел? Ако е така, вие знаете што треба да постигнете во следните 3 до 5 години. Со утврдување на јасен пат за тоа што сакате да го постигнете, вие можете да направите анализа на јазот во вештините и способностите кои ви се потребни и да го изберете вистинскиот шеф кој може да ве обучи и менторира за да ги остварите своите цели.
Второ, изборот на добар шеф бара да имате силна мрежа. Со градење на врски со професионалци од вашето поле, можете да дадете и добиете фидбек за шефовите за кои сте работеле иле сте слушнале.
На крај, спроведете информативно интервју со потенцијалните шефови пред да имате шанса да работите со нив. Тоа може да го направите преку поставување на вистинските прашања на интервјуто за работа. На овој начин, ќе бидете сигурни дека шефот кој ќе го изберете ќе ве поддржи во постигнувањето на вашите цели.
Запомнете дека голем дел од вашата среќа, продуктивност, развој и задоволство на работното место ќе зависи од начинот на кој ве третира вашиот шеф. Токму затоа е потребно да го изберете својот шеф пред работното место!