Објавени се јавни повици за вработување на државни службеници на 13 позиции, 7 во Собрание на РМ и 6 во Влада на РМ.
ВО СОБРАНИЕ НА РМ СЕ БАРА:
- Раководител на Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции во Посебната организациона едицина-Парламентарен институт
- Раководител на Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива во Посебната организациона единица-Парламентарен институт
- Раководител на Одделение за општи анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции во Посебната организациона единица-Парламентарен институт
- Раководител на Одделение за едукација и комуникација, Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива во Посебната организациона единица-Парламентарен институт
- Советник-истражувач и аналитичар по современи економски системи, Одделение за општи анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции во Посебната организациона единица-Парламентарен институт
- Советник-истражувач и аналитичар по компаративно право и правни системи, Одделение за правни анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции во Посебната организациона единица-Парламентарен институт
- Советник- истражувач и аналитичар по пазарна економија, Одделение за општи анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции во Посебната организациона единица-Парламентарен институт
ВО ВЛАДА НА РМ СЕ БАРА:
- Виш соработник за унапредување на консултативен процес при креирање на регулатива
- Соработник за политики за земјоделство
- Соработник за анализа на условите за развој на ЈПП и инвестиции
- Помлад соработник за поддршка за регионален развој и политики за земјоделство
- Помлад соработник за поддршка за анализа и следење на регулатива и
- Помлад соработник за поддршка за ЈПП и инвестиции