Компанијата Вирџин Пулс, која е во сопственост на британскиот милијардер Ричард Бренсон, ги проширува своите капацитети
Компанијата објави дека ќе го удвои деловниот простор во Тузла на 2.300 квадратни метри и ќе вработи уште 15 софтверски инженери.
Инаку, Вирџин Пулс произведува уникатна и иновативна дигитална платформа наменета за компании и корпорации од различни индустрии за промовирање на здрави навики за живот помеѓу своите вработени.
Платформата, осмислена и развиена во Тузла, се користи насекаде ширум светот, а помеѓу клиентите се и 10 проценти од најуспешните глобални компании во светотот кои се рангирани на Fortune 500 листата.
Користејќи го нивниот производ, вработените се охрабрени и наградени за водење на здрав начин на живот, а тоа подразбира воведување на физички активности во нивната рутина, прифаќање на здрави навики во исхраната и одржување на квалитетна социјална интеракција со колегите.
Од Вирџин Пулс претходно најавија дека имаат намера да бидат една од водечките ИТ компании во текот на следните години, не само во Босна и Херцеговина, туку и во целиот регион.
Ричард Бренсон претходно ја купи тузланската компанија Пиксел Интерактив во која беа вработени околу 100 млади и образовани луѓе и со тоа стана дел од групацијата Вирџин менувајќи го своето име во Вирџин Пулс Босна.