Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" бр. 62/2005 1 20/20 18), Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост, Државната лотарија на Македонија, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за прием на работници на неопределено време
Државната лотарија на Македонија има потреба од вработување на работници на неопределено време, за следниве работни места:
1. „Самостоен соработник за административна поддршка" во Секторот за информатички технологии, 1 (еден) извршител, со следниве услови:
Факултет од областа на техничките науки завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС
Работно искуство: 5 (пет) години работно искуство
Познавање на англиски или друг светски јазик
Познавање на MS office апликации и користење на интернет
Неделното работно време е од понеделник до петок со 8 (осум) работни часа (од 8 часот до 16 часот) и
Основна плата: 37.702, 00 денари.
2. „Мрежен администратор" во Секторот за информатички технологии, 1 (еден) извршител, со следниве услови:
Факултет од областа на техничките науки завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС
Работно искуство: 3 (три) години работно искуство
Познавање на англиски или друг светски јазик
Познавање на MS office агликации и користење на интернет
Неделното работно време е од понеделник до петок со 8 (осум) работни часа (од 8 часот до 16 часот) и
Основна плата: 37.702, 00 денари.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 (петнаесет) работни дена.
Работодавачот ќе изврши избор во рок од 7 (седум) работни дена, по истекот на рокот за пријавување на кандидатите.
Државна лотарија на Македонија го задржува правото самостојно да изврши избор односно да не изврши избор на ниту еден од пријавените кандидати.
Кандидатите за горенаведеното работно место покрај пријавата со кратка биографија треба да достават и докази за исполнување на горенаведените услови и тоа:
диплома или уверение за завршека стручна подготовка;
потврда за работно искуство со бараната стручна подготовка и
уверение за државјанство.
Доказите се доставуваат во оригинал или копија заверена кај нотар.
Ненавремената, неуредната и некомплетната документација нема да биде предмет на разгледување.
Пријавите со потребната документација кандидатите може да ги достават по пошта до Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост, Државиа лотарија на Македонија, со
седиште на бул. Гоце Делчев бр. 8, Поштенски фах 506, 1000 Скопје или во писарницата на Друштвото.