Микро, мали и средни компании можат да освојат стипендија во вредност од 5.000 американски долари и да добијат врвно менторство од познати канадски консултанти
Програмата за претприемачи-Битов е основана во соработка со CESO SACO (Canadian Executive Service Organization). СЕЅО SACO е канадска организација со 50 годишнo искуство во областа на меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор и на зацврстување на структурите кои ги поттикнуваат економските и општествените промени на локално, национално и меѓународно ниво.
Македонија2025 има заедничка мисија со СЕЅО SACO, да влијае на подобрување и зајакнување на конкурентноста на македонските компании. Консултантите се професионалци со богати достигнувања и ќе работат на конкретни предизвици со кои македонските компании секојдневно се соочуваат. Тие, според својата експертиза ќе бидат поврзани со одредена компанија и во времетраење од 2 до 4 недели, преку обуки и менторство, ќе ги пренесат најдобрите бизнис алатки, процеси и системи за подобрување на организациските, производствените, аналитичките и маркетиншките процеси на компаниите.
Главните области кои ги опфаќаат консултантите вклучуваат: финансии, туризам и угостителство, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, преработка на храна итн.
Што обезбедува Македонија2025?
Македонија2025 обезбедува стипендија во вредност од 5.000 американски долари. Стипендијата целосно ги покрива трошоците за пат, виза, осигирување и тарифа на консултанот. Исто така, организацијата спроведува евалуација на апликациите, водење на целиот процес на селекција, закажување интервјуа со интернационална комисија и претставници од СЕЅО SACO. П
на организацијата континуирано ја следат соработката помеѓу консултантите и компаниите, додека на самите компании останува да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за консултантите. Дополнително, компаниите можат да се погрижат и за викендите и слободното време на консултантот.
Кој може да се пријави?
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:
• Минимум една година од постоење на компанијата;
• Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;
• Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;
• Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;
• Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);
• Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни претпријатија;
• По можност да работат во следните индустрии: финансии, туризам и угостителство, агри-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, преработка на храна итн.
*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.
Како да се пријавите?
Сите заинтересирани компании треба да ги испратат следните документи на Гордана Клинчарова – gordana@macedonia2025.com:
• Пополнета апликација на англиски јазик, која може да ја симнете тука;
• Краток опис на вашата компанија, како и за тоа зошто ви е потребен консултант (на англиски јазик);
• Дополнителни документи, брошури или каталози за компанијата се добредојдени.
Компании кои досега учествуваа на Програмата за претприемачи-Битов
• Inellipse Software Solutions, Битола
• Web Factory, Скопје
• Evrosimovski Consulting, Скопје
• Специјал, Скопје
• Семос Едукација, Скопје
• Имако Вино, Штип
• Рептил маркети, Скопје
• Intertec.io, Скопје
• ISource, Битола
• Adeva, Скопје
Повикот е континуирано отворен за аплицирање во текот на целата година. За повеќе информации пишете ни на gordana@macedonia2025.com или јавете се на +389 (0) 2 316 1015.