На социјалните мрежи многу граѓани го поставуваат прашањето дали фискалната сметка која е издадена за фирма може да се искористи преку апликацијата Мој ДДВ и на свое лично конто да се запише повратот на ДДВ, а одоговорот е дека тоа е казниво по закон.
На пример фискалната сметка од точење на гориво за потребите на автомобилите во сопственост на компанијата, не смее да се скенира. Доколку сте го направиле ова, грешката може да се поправи бидејќи веб апликацијата ќе им нуди на граѓаните неколку нови можности.
Освен детален увид, секој корисник ќе може и да избрише сметка доколку ја скенирал по грешка, јавува Курир.
Од УЈП потенцираат дека оваа опција е особено важна бидејќи може да се случи по грешка корисникот да скенирал фискална сметка, за која што веќе е издадена сметкопотврда која гласи на фирма.
Тоа не е дозволено и за да не се случи да се изрекуваат казни, веб апликацијата нуди техничка можност да се брише грешно скенираната сметка.