Треба порано да заминете од работа, деловно да се облечете, да изгледате беспрекорно, да заглавите во сообраќајот, да барате паркинг, да чекате во ред за да зборувате во работодавачите... Вака изгледаат традиционалните саеми за работа.
Баш поради овие главоболки традиционалните саеми за барање работа полека заминуваат во заборав, а HR експертите советуваат истите да се заменат со виртуелни саеми.
Што може да очекувате од виртуелниот саем?
Виртуелниот саем за кариера функционира исто како традиционалните саеми, каде што работодавачите се собираат за да се сретнат со барателите на работа и разговараат за можностите за вработување. Единствената разлика тука е што сето ова се одвива виртуелно, на интерактивна платформа.
Дури и ако имате семејни обврски, виртуелниот саем може да го посетите откако вашите деца ќе заспијат, ако не можете да отсуствувате од работа, може да го направите тоа од канцеларија или за време на паузата за ручек и да бидете сигурни дека никој нема да знае дека барате друга работа.
Зошто да посетите виртуелен саем за работа?
Виртуелните саеми се многу пофокусирани од традиционалните саеми за кариера
Нема да мора да трошите време во гужви и нема да има потреба да се борите за внимание пред работодавачите. Ќе седнете пред вашиот компјутер или мобилен уред, пред вас ќе имате се што се нуди и сите информации ќе ги имате на дланка. Ќе бидете целосно ослободени од стресот кој го носи „првиот впечаток“ посебно кога станува збор за потрагата по работа.
Виртуелните саеми за кариера се одличен начин да се поврзете со некој од внатре
Доколку имате желба за работа во некоја компанија во која не познавате никој, нема кој да ви даде препорака и тоа било најголемата пречка да се обидете да ја градите вашата кариера таму, виртуелниот саем може да биде одлична прилика суптилно да стапите во контакт со некој од HR тимот на компанијата и да оставите добар впечаток. Саемот нуди online chat со регрутерите на компанијата, што е одлична шанса да се претставите и да им побудите интерес за вас и вашите квалификации.
Ќе го ограничите влијанието на физичкиот изглед и појава
Нема потреба многу да се дискутира на оваа тема. Доколку вашиот прв впечаток го оставите дигитално, може да спречите негативно влијание ако сметате дека начинот на кој изгледате ќе работи против вас.
Ќе се сретнете со современи дигитални компании
Работодавачот кој е подготвен да регрутира кандидати преку виртуелен саем за кариера е веројатно дигитално софистициран и отворен за флексибилни работни места или има отворени позиции каде технолошките вештини се ценети.
Поевтино и попогодно е да се присуствува на виртуелен, отколку на традиционален саем за кариера
Благодарение на технологијата, сега можете дигитално да пристапите до регрутерите и работодавачите за кои сте заинтересирани, без да ја напуштите удобноста на вашиот дом или работен простор. Дури и ако разговорите што ќе ги имате во собите за дигитални разговори не дадат одлични резултати, олеснителна околност е што барем нема да вложите многу време и средства за патување, а ќе добиете информации од прва рака што сигурно ќе ви користат во иднина.
Сите овие причини ги прават виртуелните саеми за кариера атрактивна опција за секој што бара работа.
Од 16. до 23. октомври vrabotuvanje.com во соработка со MojPosaoод Хрватска, poslovi.infostud.com од Србија и Posao.ba од БиХ организира онлајн саем за вработување во најатрактивните компании од регионот!
На саемот како работобарател ќе можете:
- да аплицирате на огласи за работа во Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина;
- да се запознаете со можностите и условите за вработување во најатрактивните компании во регионот;
- да освоите вредни награди преку одделниот настан “Лов на богатство“.
▶️ Повеќе на www.denovizavrabotuvanje.mk