Статистиката покажува дека во изминатите седум години, во земјите од Западен Балкан се отворени повеќе од 700 илјади нови работни места од кои само 4.3 проценти биле за луѓе под 24 години. Според Советот за регионална соработка (RCC) на младите им се потребни околу две години за да најдат работа.
Четвртина милион млади во регионот се невработени, но активно бараат работа. Кога станува збор за млади жени, најчесто невработени се тие без образование или други квалификации.
Покрај тоа, една третина од младите луѓе се незадоволни од стекнатите вештини во рамките на образовниот систем затоа што нивната диплома не е доволна за задоволување на потребите на нивното работно место.
36% од младите се изјасниле дека во изминатите 12 месеци на своето работно место морале да стекнат нови вештини или да ги усовршат постоечките, покажува Балканскиот барометар за 2019 година – истражување спроведено од Советот за регионална соработка (RCC).
Ова покажува дека сите ние во регионот треба направиме нешто повеќе за да ја зголемиме важноста на образованието и вештините за потребите на пазарот на трудот, а жените се одговорот, вели Драгана Ѓурица, виш ескперт за конкурентност во RCC.
Според податоците кои Светска банка ги објави во октомври минатата година, дури 50 проценти од младите во Македонија се без работа.