Го пренесуваме во целост известувањето од Комерцијална Банка А. Д. Скопје во врска со новата лажна наградна игра:
„На Facebook се појави лажна страница со име „Komercijalna Banka AD Skopje“, која се обидува да прибере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа. Лажната страница е веќе пријавена во Facebook од страна на Комерцијална банка АД Скопје.
Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје нема никаква врска со оваа активност и во моментов не организира никаква наградна игра преку Facebook. Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате вашите лични податоци на Интернет.
Банката ќе го пријави случајот во надлежните институции согласно позитивните законски прописи.“