Замената на гумите секогаш знае да претставува сериозен предизвик и затоа е добро да се знаат одредени работи околу менувањето. Постои правило за кое е препорачано да се почитува при замената на тркалото на автомобил и кое често се заборава дури и од професионални вулканизери.
Тоа едноставно треба да биде запомнето. Препораката е од германските експерти од TUV, кои советуваат како да се монтираат гуми и бандажи на автомобилот.
Се препорачува штрафовите (во зависност од моделот) да се стегаат по точно определен ред. Кога се работи за тркало со четири штрафа тогаш редот е следниот: 1-3-4-2. Кога има пет штрафа: 1-4-2-5-3, додека со шест штрафа треба да се оди по следниот редослед: 1-4-5-2-3-6.
Ако овој принцип на монтирање и стегање не се почитува тогаш ризикувате тркалото да застане во неправилна положба и да биде накриво поставено што причинува неправилно движење на автомобилот на патот. Броењето може да почне од која било од дупките, но е важно да се почитува методиката опишана погоре.