Ако еднаш зовриете вода, таа станува почиста и побезбедна за пиење, меѓутоа ако тој процес го повторите уште еднаш, ризикувате да предизвикате проблеми со стомакот!
Со вриење на водата двапати, здравите минерали кои се наоѓаат во неа стануваат штетни, покрај тоа, така настанува камен во садот во кој се вари водата, а таа е главната причина за формирање на камен во бубрезите.
Нитрати
Тие се наоѓаат и во водата и во воздухот и во земјата, но стануваат опасни кога се изложени на високи температури. Високите температури ги претвораат во нитрозамини кои се канцерогени, а докторите ги поврзуваат со развојот на карцином на јајници, дебело црево и желудник.
Флуориди
Флуоридите во вода претставуваат ризик по здравјето, особено се опасни за невролошкиот и когнитивниот развој на децата. Објавена е студија која докажа дека присуството на флуор во водата е поврзано со пониска стапка на интелигенција кај децата, а и со пониска стапка на плодност.
Арсен
Светската здравствена организација тврди дека арсенот во водата е најголема опасност кој доведува до труење, проблеми со дигестивните органи, дијабетес, па и до кардиоваскуларни заболувања.