Од денес на полноќ ќе стапи новата одлука на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за ново поскапување на горивата за два денари по литар, информира Нова ТВ.
Со последната промена малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 70 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,5 денари за литар, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) од утре ќе чини 62 денари за литар. За два денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе се продава за 50,5 денари за литар.
Регулаторната комисија за енергетика, пред две недели донесе одлука за цените на бензините кои поскапеа за 2 денари. Во однос на цените минатата година ова време, тие се поскапи вкупно за 11 денари.
Ново поскапување на нафтените деривати е диктирано од движењата на цените на светските берзи. Според методологијата на пресметка на РКЕ курсот на доларот и цената на нафтата се главни за одредување на цената на горивата во Македонија.
Во моментов барел нафта на светските берзи се продава за 74,5 долари.