Во SPAR вработените се клучот до успехот. Поради тоа компанијата постојано вложува во креирање на работна средина која стимулира преданост и овозможува професионален и личен напредок за секој вработен.
Компанијата SPAR Хрватска е основана од групацијта SPAR Австрија и е најмладата компанија во рамки на групацијата. SPAR Hrvatska d.o.o. својата прва продавница ја отвори во 2005 година, а денес брои над 4.300 вработени. Продажната мрежа на SPAR во Хрватска континуирано расте, а денес има повеќе од 113 продавници. Во тој правец ќе се движат и во иднина, па до крајот на годината својот ланец ќе го продолжат со две нови продажни места. Со цел продавниците на SPAR да им бидат достапни на што поголем број потрошувачи, комапнијата има потреба од нови вработени.
Кариера во SPAR
SPAR е стабилна компанија која на вработените им нуди редовни примања, а работниците за нив се клуч на успехот. Поради тоа компанијата постојано вложува во креирање на работна средина која стимулира залагање и овозможува професионален и личен напредок за секој вработен. Нивната цел е меѓусебно мотивирање и трансфер на знаење, заедно со успешна тимска работа, што се покажало како одлична комбинација.
Во нивниот тим се добредојдени сите оние кои се способни, иновативни и самоиницијативни, комуникативни и амбициозни и се спремни сето тоа да го споделат со тимот на SPAR.
SPAR Хрватска објавува оглас за регрутирање на кандидати за работна позиција:
ПРОДАВАЧИ - КАСИЕРИ (60 работни места)
(во Загреб и Истра - градови Пореч, Пула, Умаг и Лабин - Република Хрватска)
- за кандидати со Македонски пасош
- со средно образование
- со или без искуство
- обезбедено сместување во Хрватска
- обезбедени средства за топол оброк
- обезбеден месечен билет за градски превоз
- платена повратна карта за одмор и посета на семејството во Македонија за работниците кои ќе работат повеќе од 6 месеци