На 3-ти октомври Сараево ќе биде домаќин на најголемата регионална конференција за лидерство и талент – DRIVE 2019.
Сведоци сме на недостаток на квалитетна работна сила и различни побарувања на пазарот на трудот кои од ден на ден се менуваат. Доаѓаат нови генерации на вработени кои не само што не им се потчинуваат на традиционалните начини на деловно работење, туку и поставуваат нови трендови.
Зборуваме за генерациите Y и Z чии навики го менуваат пазарот на трудот и иницираат промени во свеста кога станува збор за брендот на работодавачот (Employer Branding).
Иднината доаѓа, новите трендови во привлекувањето и задржувањето на талентите се веќе тука, а токму тоа е и централна тема на најголемата регионална, 10-та по ред, DRIVE конференција за лидерство и талент која ќе се одржи на 3-ти октомври во Сараево, организирана од страна на Posao.ba (Kolektiv).
Во склоп на 8-часовната програма под слоганот Experience the Future of Work ќе се зборува за новите начини на размислување на пазарот на трудот, промените во организацијата на компаниите и привлекувањето и задржувањето на таленти – сето тоа со посебен осврт на Employer Branding.
Првиот говорник на конференцијата ќе биде Јохан Дресенс, добитник на наградата “Глобален лидер во полето на брендирање на работодавач за 2018 година“ доделена од страна на светската организација на HR професионалци. Тој ќе открие како една компанија може да постигне максимално задоволство кај своите вработени.
На конференцијата ќе учествуваат и директорите на водечките портали за вработување во регинот, меѓу кои Дарко Велков (Vrabotuvanje.com – Македонија), Игор Зоња (MojPosao – Хрватска), Милош Турински (Poslovi.Infostud - Србија) и Нермана Ајановиќ - Хајдарпашиќ (Posao.ba - Босна и Херцеговина) кои ќе зборуваат за најгорливиот проблем на Балканот: “Како да се задржи работната сила“.
На крајот на конференцијата ќе бидат доделени наградите “Најдобри HR практики“.