Луѓето не се створени да поднесуваат долготраен стрес. Но, стресот во мала количина е природна реакција на телото и може да влијае како природен стимулатор.
Меѓутоа, во денешното темпо на живеење, ја изгубивме способноста да се опуштиме на природен начин. Стресот е дел од нашето секојдневие и е опасен по нашето здравје, поврзан е со срцевите заболувања, депресија и дијабетес.
Научниците открија неколку начини како да останете здрави кога сте под стрес.
Хранете се здраво
Кога сте под стрес, посегнувате по чипс или чоколадо, што е сосема нормално. Наместо тоа, научниците ве советуваат да се одлучите за јаглехидрати, како што се каша и интегрален леб, кои ќе ви дадат енергија да се соочите со тешкиот ден.
Не плашете се да побарате помош
Не е нормална појава доколку постојано сте под стрес. Доколку сметате дека не можете да се справите со стресот, разговарајте со психолог.
Вежбањето помага
Вежбањето е природно средство кое го ублажува стресот и кое го исполнува вашето тело со ендорфин, хормон на среќа. Доколку поради било каква причина не можете да одите на тренинг, вежбајте дома.
Обидете се да спиете доволно
Кога сте под стрес, спиете лошо. Ненаспаноста го зголемува нивото на стрес, а доколку спиете добро, полесно ќе се справите со секојдневните стресни ситуации.
Бидете паметни и научете како да се справите со стресот.
Размислувајте трезвено за проблемите и согледајте како е најлесно да го надминете стресот. Разговарајте со некоја блиска личност за она што ве мачи.
Вашата работа не ве дефинира.
Доколку сакате да избегнете да се избезумите од стрес, имајте на ум дека секој час не можете да бидете продуктивни во иста мера. Понекогаш е подобро да здивнете малку, па потоа да продолжите да работите со поголем елан, советуваат научниците.