Иднината на менаџментот со човечки ресурси се случува сега, во Сараево, на 10-та најголема DRIVE конференција за лидерство и талент менаџмент. Искуствата и практиките од менаџментот со човечките ресурси на македонскиот пазар на труд ги пренесе Дарко Велков (Vrabotuvanje.com).
Најголемата регионална конференција за лидерство и талент менаџмент, DRIVE по 10-ти јубилеен пат е домаќин на водечките меѓународни и регионални имиња од областа на employer branding-от, брендирањето и развојот на човечките ресурси.
Со слоганот на конференцијата „ Experience the future of work “, иднината на менаџментот со човечки ресурси се случува овде и сега. Во склоп на осум часовната специјално креирана содржина, се зборува за нови начини на размислување на пазарот на трудот, промени во организацијата на компаниите, привлекување и задржување на таленти, како и за брендирање на работодавачите (employer branding).
Овогодинашната DRIVE конференција е посветена на успешни решенија од големите компании, кои ги променија правилата на игра во HR менаџментот, како на пример. Како да се создаде деловно опкружување во кое најдобрите ќе сакаат да останат и да се развиваат.
Един Мехиќ, основач на компанијата Колектив - posao.ba, вели дека оваа конференција успешно ја промени свеста за менаџментот со човечки ресурси во повеќе компании, што беше една од примарните цели кога започна организацијата на оваа DRIVE конференција.
"Среќни сме што алатките презентирани досега на оваа конференција се користат и се дел од секојдневната работа на одделни компании, благодарение на што тие добија врвни кадри. DRIVE е многу повеќе од конференција. DRIVE е мотиватор и иноватор кој придонесува за подобро и поквалитетно општество", вели Мехиќ.
На панел дискусиите кои се неизоставен дел од DRIVE конференцијата се дискутира за клучниот проблем при менаџирањето со човечките ресурси, како да се задржат и развиваат квалитетните вработени и како да се најдат кадри во најтешките моменти за компаниите. Панелисти се регионални експерти од областа на менаџентот со човечки ресурси, а со оглед на нивната експертиза, искуство и знаење се очекува и повеќе од продуктивна, иновативна и мотивирачка дискусија.
Искуствата и практиките од менаџментот со човечките ресурси на македонскиот пазар на труд ги пренесе Дарко Велков (Vrabotuvanje.com).
Целосната слика на регионалниот пазар на труд ја комплетираа Игор Зоња (MojPosao – Хрватска), Нермана Ајановиќ - Хајдарпашиќ (Posao.ba - Босна и Херцеговина) и Милош Турински (Poslovi.Infostud - Србија), според кои времето кога работодавачите можеле да се држат до стариот слоган „ако не сакаш ти, има кој сака“ е одамна поминато.
Целта на оваа дискусија е да се разработат сите фактори на потребата што и покрај процесот на дигитализација, која едноставно е неизбежна во сите работни процеси, да сфатиме дека сите пред се сме луѓе и дека „живиот збор“ е на прво место во секоја комуникација.
Покрај панелот, каде што се одговорија многу прашања на секој директор или менаџер, се одржуваат и динамични работилници, преку кои сите работодавачи веднаш ќе бидат подготвени да направат промени во своите компании. Како и до сега во рамки на DRIVE конференцијата, се одржува и избор за најдобри HR практики.