Посетете го штандот на ВАН ХООЛ на првиот онлајн саем за вработување во Македонија!
ВАН ХООЛ е белгиска, семејна компанија за производство на автобуси и комерцијални возила. Денес, ВАН ХООЛ поседува два производствени капацитети – еден во Белгија и еден во Македонија, додека во Америка во процес е изградба на нова фабрика.
Производствениот капацитет (фабрика) во Македонија е отворен во 2013 година и денес брои приближно 1.300 вработени со тендеција за ширење на производствениот капацитет, а со тоа и бројот на вработени.
За таа цел, ВАН ХООЛ е дел од Виртуелните денови за вработување - посетете го нивниот штанд на ЛИНКОТ и дознајте што нуди компанијата!
Имате можност да се информирате за компанијата, да разговарате со нивен претставник, кој ќе одговори на секое ваше прашање, да ја разгледате галеријата на ВАН ХООЛ и најважно од се: да аплицирате за некој од 7-те нови отворени огласи.