Станете дел од компанијата БРОЈ ЕДЕН во спроведување на комплетни решенија за дистрибуција и логистички услуги!
Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 3.800 вработени, во 11 компании на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во регионот на потсахарска Африка – во Ангола, Замбија и Мозамбик.
Компанијата е основана во 1998 година со основна дејност – дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка. Наши партнери и клиенти се: Procter&Gamble, Mondalez, BIC, Jacobs, Jaffa, Crvenka, Neoplanta, Mama’s, SC Johnson, Dr.Oetker, Hipp, Ipek Kagit, Sebapharma, Filippo Berio, Sportex Evropa и Skovin.
Досегашниот успех на Нелт се базира на одговорноста што компанијата ја негуваше во текот на 25 години посветена и професионална работа, во сите аспекти на бизнисот. Своето искуство и експертиза Нелт ја пренесе и на другите пазари, на кои денес самостојно функционираат компании, во рамките на организацискиот систем на Нелт Група.
Ние во Нелт знаеме дека деловниот успех всушност претставува успех на луѓето. Затоа се трудиме да ги вработиме, развиваме и задржиме најдобрите таленти, како и во компанијата да направиме пријатно и поттикнувачко работно опкружување, кое ќе ги инспирира вработените во секојдневната работа.
Сакаш да станеш дел од успешниот тим на Нелт СТ? Посетете го нивниот онлајн штанд.